Московскиот суд го казни Гугл со 87 милиони евра поради систематско одбивање да ги отстрани информациите кои Русија ги смета за незаконски, јавува Би-Би-Си. Ова е прва ваква казна изречена во Русија.
Земјата го засили притисокот врз големите технолошки компании. Критичарите велат дека кампањата е обид на Москва да воведе построга контрола на Интернет, што би можело да ги ограничи индивидуалните и корпоративните слободи, според Ројтерс.
Според Роскомнадзор, од почетокот на годината Гугл подготвил 16 протоколи за систематско неотстранување на информациите забранети во Русија.
Во такви случаи, казната ја одредува судот, а таа може да изнесува од 5 до 10% од годишната добивка на компанијата.
За претходната година, прометот на руското претставништво на Google надмина 85 милијарди рубљи.
Роскомнадзор започна слична постапка против Facebook. Денеска се очекува и одлука за тоа.