Германскиот министер за одбрана предупреди дека сателитите на неговата земја се следени од руски сателити.
Борис Писториус изрази загриженост поради два сателита „Луч/Олимп“ кои ги следат „Интелсат“ сателитите што ги користат германските сили и други. Тој на конференција за вселената во Берлин изјави:
„Русија и Кина брзо ги проширија своите капацитети за војување во вселената во изминатите години.
Тие можат да ги нарушат операциите на сателитите, да ги заслепат, да ги манипулираат или кинетички да ги уништат.“
Двата руски сателита – лансирани во 2014 и 2023 година – долго време се обвинувани за „прислушување“ на сателити на други земји.
Францускиот вселенски стартап „Алдориа“ соопшти дека во мај 2024 година забележал еден од нив како изведува „ненадејно приближување“ кон сателит во геостационарна орбита.
Годината претходно, американската компанија „Слингшот Аероcпејс“ наведе дека открила „непријателско“ однесување – при што еден од сателитите покажал шаблон на движење во кој застанувал во близина на неруски сателити. Господин Писториус повторно ја истакна потребата од разговори за развивање офанзивни капацитети во вселената како средство за одвраќање.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Цистерна со нафта излетала и се запалила на патот Гевгелија-Богданци
- 2.Македонец по грешка ослободен од затвор во Австрија, имал исто име и презиме со друг затвореник
- 3.Сите аплаудираа, освен министерот Муртезани по говорот на претседателката Давкова во ОН
- 4.Трагедија во Кисела Вода: 38-годишен скопјанец починал во својот дом!
- 5.Дневен хороскоп за четврток, 25-ти септември 2025 година!