Македонија

Рускоска: Разговарав со сопственикот на превозната компанија, ќе ја обезбедиме целата документација за автобусите

Обвинителката Вилма Рускоска денеска во изјава за медиумите истакна дека на местото на несреќата се наоѓа и сопственикот на превозната компанија, со кого кратко разговарала.

„Рече дека 20 години имаат транспортна фирма, досега немале никави инцидент. Но како што веќе кажаа и колегите, ќе ја обезбедиме целата документација за сите автобуси – кога се регистрирани и кога биле на технички преглед. И истите ќе бидат предадени на бугарските колеги“, порача Рускоска.

Таа додава дека како обвинители повеќе веруваат на документи, отколку на исказ на било кого.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни