Сѐ уште далеку пуштањето во функција – езерото Треска некогаш се полни, некогаш се празни

Езерото Треска веќе подолго време е вон функција, а деновиве е празно поради санирање на цевка. Ова придонесе на површина да излезе и целата нечистотија. Ова што наликува на снег, всушност е трева која била наталожена под водата. Од Јавното претпријатие „Сарај“ за ТВ21 велат дека се работи на поправање на цевки.

„Имајќи предвид дека деновиве езерото Треска е испразнето, ние како Претпријатие добивме поплаки од корисниците на камп-куќичките и другите жители. Ги известуваме сите граѓани дека во Езерото Треска поради дефект на главната цевка немаше вода. За време на викендот се вршеше поправка на цевките и во претстојните денови ќе може да се користи“, посочи Сабаудин Рустеми.

Езерото повторно ќе се наполни, но овој рекреативен центар ќе остане вон функција. Водата не е чиста, а дополнителен проблем претставува и инфраструктурата.

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, пред неколку месеци на жителите им рече дека наскоро се очекува да се усвои и Детален урбанистички план за езерото.

„Усвоена е идејата на општина Сарај и е предвидено да се прогласи за слободна туристичка зона и согласно урбанистичкиот план, кој е при крај, треба и да се ревитализира езерото, да се изгради и да биде атрактивен центар, не само во општината, туку и во државата, па и во регионот“, истакна Блерим Беџети.

Жителите пред многу години ова место го користеа како место каде ги минуваа викендите и освежувајќи се во деновите со високи температури.

Ова место беше изградено за капење, но граѓаните го користеа за риболов. Езерото се простира на површина од 136.000 м2 и длабочина од 1.6 до 3 метри. Целиот спортско-рекреативен центар е изграден во 1978 година со самопридонес на жители од Скопје.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното