Законот за амнестија ниту утре нема да биде пред пратениците. Предлог-текстот е подготвен, но треба да го разгледаат и усвојат партиските органи и правните експерти. Групата за помирување засега нема информација кога ќе се обелодени целиот текст. Од ЛДП велат дека се уште не го разгледале текстот, но сепак нема да поддржат ваква амнестија поради тоа што власта се меша во работата на судството.
Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, на ова прашање не одговори. Тој рече дека во врска со ова ќе даде изјава откако законското решение ќе стане официјално.
Законот за амнестија се уште не е официјален, така да не можеме да кажеме ништо официјално во врска со тој закон.
За амнестија зборуваше и францускиот амбасадор, Тимоние. Тој вели дека овој процес треба да се базира на искрени преговори меѓу политичките партии и да донесе стабилност во земјата.
Според информациите на ТВ21, околу 70 лица опфатени во насилните настани, најмалку 17 лица нема да бидат помилувани, меѓу кои и екс-директот на БЈБ, Митко Чавков и екс-шефот на УБК, Владимир Атанасовски, кои сведоците на рочиштето за „крвавиот четврток“ ги посочија како организатори на нападот и настаните на 27 април. 33 лица се обвинети за насилство во законодавниот дом, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Откако законот ќе биде усвоен, секој од обвинетите ќе има рок од 5 дена да поднесе барање за амнестија до судот, при што ќе се оцени нивната вина и потоа ќе се донесе одлука.
Репортер: Зимер Јашари
