Свет

САД и Велика Британија денеска објавуваат нови санкции против Русија

САД денеска ќе објават нови санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва да ги признае самопрогласените републики во источна Украина и таму да испрати „мировници“, соопшти Белата куќа.

„Планираме да објавиме нови санкции против Русија во вторник како одговор на одлуките и активностите на Москва“, изјави портпарол на Белата куќа. Тој додаде дека САД се координираат со сојузниците и партнерите во врска со тој чекор.

Истото ќе го стори и Велика Британија.

„Утре ќе објавиме нови санкции против Русија како одговор на нејзиното кршење на меѓународното право и нападот врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, објави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас на Твитер.

Сакнциите следуваат откако претседателот на Русија, Владимир Путин, вчера потпиша указ за признавање на самопрогласените Луганска Народна Република и Доњецка Народна Република. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни