Свет

САД изразија сочувство за „трагичната смрт“ на Абе Шинзо

Американскот државен секретар Ентони Блинкен во име на народот на САД испрати сочувство до Јапонија за трагичната смрт на поранешниот јапонски премиер Абе Шинзо.

-Заедно со народот на Соединетите Држави сакам да го изразам моето најискрено сочувство за трагичната смрт на поранешниот премиер на Јапонија, Абе Шинзо. Премиерот Абе беше глобален лидер и безрезервен сојузник и пријател на Соединетите Држави, чија визија за Слободен и Отворен Индо-тихоокеански регион го подигна нашиот Сојуз на соработка до нови височини, истакна Блинкен.

Тој испрати сочувство до семејството на премиерот Абе и до народот на Јапонија.

-Заедно со нив и со светот, ние тагуваме поради неговата заминување, рече државниот секретар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни