Висок претставник на американското Министерство за финансии предупреди дека Русија се обидува да ги заобиколи ограничувањата преку Турција, објави FOX News.
Денеска се одржа средба меѓу претставници на САД и Турција.
Заменик-министерот за финансии Воли Адејоми разговара со неговиот турски колега Јунус Елитас. Двајцата разговараа за меѓународни теми. Адејоми предупреди дека руски поединци се обидуваат да ги заобиколат западните ограничувања преку Турција.
Двајцата разговарале за општото однесување кон руската држава. Елтиас објасни дека неговата земја има широко економско партнерство со Русија.
Тој даде уверување дека турската влада нема да дозволи да се заобиколат ограничувањата. Неговата позиција не е променета. Турција продолжува да бара добри партнерства.