САД ја продолжија вонредната состојба во врска со Западен Балкан за уште една година, почнувајќи од утре!

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година, за уште една година, почнувајќи од 26 јуни.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша извршната наредба за продолжување на вонредната состојба на 20 мај.

Во документот објавен во американскиот Федерален регистар се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од дејствијата на лицата кои учествуваат во, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот договор или кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.