САД најавија царина од 50% за Европската Унија – од 1 јуни стапува на сила новата трговска мерка

Соединетите Американски Држави најавија воведување царина од 50% на сите производи од Европската Унија, која ќе стапи на сила од 1 јуни 2025 година. Одлуката ја соопшти претседателот на САД Доналд Трамп, со образложение дека Унијата води неправедна трговска политика кон Америка.

Според него, Европската Унија била формирана со цел да ги искористува САД преку трговија, користејќи „моќни трговски бариери, ДДВ даноци, корпоративни казни, монетарни манипулации и неосновани тужби против американски компании“. Како резултат на ова, тврди тој, трговскиот дефицит со ЕУ изнесува над 250 милијарди долари годишно, што го оцени како „целосно неприфатливо“.

„Разговорите не водат никаде“, додаде тој, најавувајќи дека сите производи кои не се произведени во САД ќе бидат опфатени со царина, додека за домашно произведените производи нема да има дополнителни давачки.