САД: Напнатоста расте, гласовите и натаму се бројат

Три дена по изборите во САД, Американците сè уште ги чекаат резултатите од гласањето, а тензиите растат. Многу експерти предвидоа дека зголемувањето на бројот на гласачките ливчиња испратени по пошта поради пандемијата на коронавирусот ќе значи дека пребројувањето ќе трае подолго, јавуваат американските медиуми.

Како што наведуваат, доцнењето не е само по себе индикација дека нешто не е во ред со гласањето, иако претседателот Доналд Трамп изјави дека станува збор за кражба на гласови.

Бајден води со 253 изборни гласови во однос на Трамп, кој има 214, а потребни се 270 изборни гласови за да се победи.

Но, Бајден го потисна Трамп во Висконсин и Мичиген, две клучни држави на Средниот запад, и води во Пенсилванија и Џорџија, иако таму се уште се бројат гласачките ливчиња. 

.

Извор: ТВ21