Свет

САД: Не ја охрабруваме Украина да ја нападне Русија

САД: Не ја охрабруваме Украина да ја нападне Русија
Flag of Russia and Ukraine against the background of the blue sky

Вашингтон не ја охрабрува Украина да удри на руска територија. Ова го изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „Ниту ги охрабривме, ниту им помогнавме на Украинците да извршат удари на руска територија“, рече Блинкен.

Но, тој ја повтори решеноста на Вашингтон да се погрижи Киев да ја има потребната опрема за да се брани.

Третиот руски аеродром беше запален вчера со напад на беспилотно летало, еден ден откако Украина демонстрираше нова способност да навлезе стотици километри во рускиот воздушен простор со напади врз две руски воздушни бази.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни