САД разгледуваат нова рунда санкции врз рускиот енергетски сектор за дополнително да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати потенцијален мировен договор со Украина, објави Блумберг, повикувајќи се на извори.
Меѓу мерките што се разгледуваат е и таргетирањето на бродовите во руската флота танкери за нафта, како и на трговците кои олеснуваат трансакции, изјавија изворите под услов да останат анонимни.
Се вели дека новите санкции би можеле да бидат објавени уште оваа недела.
