Македонија

САД преговараат со Софија и Скопје за решавање на историските спорови

Соединетите Американски Држави продолжуваат да ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија наскоро да ги решат историските спорови. Целта е побрза европска интеграција на Македонија.

Според портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, неговата земја води билатерални дијалози со Софија и Скопје на оваа тема.

Според него, време е Северна Македонија и Албанија да го направат следниот чекор на патот кон Европа.

„Двете страни покажаа дека се подготвени на компромиси и изнаоѓање решенија“, вели тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни