Свет

САД: Само Русија е изненадена од успешната контраофанзива на Украина

САД: Само Русија е изненадена од успешната контраофанзива на Украина

САД не се изненадени од успехот на почетокот на контраофанзивата на ВСУ, што, сепак, се покажа како неочекувано за руската армија. Ова на брифинг го изјави портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.

„Мислам дека ако некој беше изненаден, само врз основа на извештаите што ги видовме, во однос на одговорот на руската војска, веројатно тоа беа Русите“, рече тој.

Рајдер нагласува дека САД „од самиот почеток ја виделе извонредната приспособливост на Украинците и нивната способност ефективно да ги користат нивните борбени способности“, објави OFFNews .

„Значи, за нас не е изненадување што тие напредуваа толку брзо“, додаде тој.

Рајдер истакна дека украинската војска ги искористила воените способности на бојното поле и призна дека западното оружје и муниција одиграле важна улога во успехот на контраофанзивата.

Според него, украинските вооружени сили ја усвоиле тактиката на НАТО.

„ВСУ беше во можност да ја прилагоди старата советска опрема на новата тактика и да ги порази Русите. Украинската војска ги совлада западните системи како хаубици М777, ХИМАРС, беспилотни летала и други и успеа да ги искористи заедно со старите системи и да ги интегрира во борбена тактика“, објаснуваат од Министерството за одбрана на САД.

Исходот од војната сè уште не е познат, но едноставно сега, „Украина продолжува со голем успех да ја користи помошта обезбедена од САД и другите меѓународни партнери на бојното поле во борбата за одбрана на својата земја“, забележува Рајдер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни