САД ставија 14 руски танкери на црната листа

Американските власти ставија на црната листа 14 руски нафтени танкери вечерва за да наметнат ограничување од Западот на цената на суровата нафта што ја продава Москва.

Санкциите наметнати од американското Министерство за финансии се насочени кон руската национална компанија „Совкомфлот“.

Таа компанија доби 45 дена да истовари нафта и друг товар од 14 бродови.

Мерката доаѓа во пресрет на втората годишнина од руската инвазија на Украина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното