Пред неколку дена Садет за ТВ21 сведочеше за несреќата на автобусот во кој загинаа 15 лица. Тој и помогнал на Јасмина во најтешките мигови, и имал само една желба – Јасмина да преживее. Садет ја нашол Јасмина, се сретнал со нејзе. Ова денеска го напиша на својот профил на „Фејсбук“ Венко Филипче.
„Садет успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само да биде жива Јасмина – била неговата најголема желба.
Неколку денови безуспешно барал информации низ болничите ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Садет преку медумите побара од мене да му помогнам да ја пронајде. Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина.
Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот.
„Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“ – рече Садет.
Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој!“, напиша Филипче.