Саемот на книга ќе се одржи на отворено кај СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, од 8. до 14. септември.

Ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки.

Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња.

Мотото и оваа година е „безбедни саеми“.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.