Сајмон Галуп веќе не е член на „Кјур“

Познатиот музичар Сајмон Галуп на својот Фејсбук профил истакна дека веќе не е член на британскиот „готски рок“ бенд „Кјур“ (The ​​Cure). 

„Со малку тешко срце, јас повеќе не сум член на ‘Кјур’. Со среќа, на сите нив”, напиша 61-годишниот басист, а откако обожавателка преку коментар го праша дали е добро, тој и одговори „Добро сум, само ми е преку глава од предавства“.

Инаку, Сајмон се приклучи на бендот во 1979 година, но го напушти во 1982 година, а се врати две години подоцна и беше во бендот се до викендов.

„Кјур“ сѐ уште официјално не објавиле заминување на Галуп од групата, но клавијатуристот Роџер О’Донел објави:  „Еден пријател тукушто ми рече дека го видел Лол како купува бас (?????)“  – мислејќи на Лол Толхерст, поранешен тапанар, клавијатурист и еден од основачите на рок-бендот.