Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска го посетил инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово, каде се лекуваат 14 пациенти.
– Само во текот на денешниот ден амбулантски се прегледани 52 пациенти. Медицинскиот персонал ме информираше дека иако бројот на болни во изминатите денови е зголемен, охрабрува фактот што поголемиот дел од нив се со поблага клиничка слика, напиша Сали.