Поврзи се

Македонија

Самарас: Како да се ослободиме од Договорот од Преспа без да ја платиме цената?

Published

on

Политичкото прашање е како ќе се ослободиме од Договорот од Преспа, без да ја платиме цената, порача поранешниот грчки премиер Андонис Самарас при неговото обраќање на 13-от Конгрес на владејачката Нова демократија, јави дописничката на МИА од Атина.

 – Политичкото прашање е како ќе се ослободиме, без да ја платиме цената. И ова не е лесно, бидејќи не може да се случи преку ноќ, бидејќи станува збор за договор што не оди напред, ниту внатре, ниту надвор, ниту на Балканот, ниту во Европа. Го разбирам она што го кажува премиерот дека не можеме да се ослободиме од овој договор преку ноќ, бидејќи така сакаме. Но, и не можеме да разубавуваме еден договор што ние самите го имаме негативно оценето како штетен и неприфатлив и што не оди напред. Засега, ние мора да ја заштитиме Грција од негативните последици од договорот, да ги искористиме сите проблеми што ги создава и сите негови слабости, а пред сè, да ја зајакнеме Грција и нејзината преговарачка позиција, за потоа да можеме да постигнеме, земјата да биде оправдана, целосно оправдување на Македонија и нејзиниот грчки карактер, од кое не се откажуваме и немаме право да се откажеме, рече Самарас и изнуди аплауз од присутните на конгресот на Нова демократија.

-Текстот продолжува по рекламата-

Поранешниот грчки премиер коментира дека и во пракса се покажало дека е штетен и неприфатлив договорот, а Грција во Преспа „призна иредентизам што создава проблеми и со други земји во регионот“.

– Грција даде сè од старт и име и признавање на националност и признавање на јазик, а Скопје вети дека ќе направи некои отстапки во иднина, доколку оди напред нивната интеграција во Европа. Но, тоа не зависи ниту од нас, ниту од Скопје. Впрочем може други земји да стават вето. И тоа се случи. Франција, Холандија и Данска ставија вето, а Бугарија поставува сериозни проблеми за признавањето на таканаречениот македонски јазик. Па така, останаа само нашите целосни отстапки што беа направени на почетокот. А скопските идни обврски висат. Некои ни велеа дека ако го ставиме Скопје во НАТО, ќе го стабилизираме. Но, овде е чудното откако Скопје влезе во НАТО, започнаа сомнежите за самото НАТО, рече поранешниот грчки премиер и се запраша.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Откажани бараж натпреварите за Втора МФЛ

Македонија

Колепката само симбол за новороденчињата, столарството во исчезнување, младите немаат интерес за занаети

4NEWS.mk

Позитивни на коронавирусот 36 туристи кои пристигнале во Грција, мнозинството од Србија

Македонија

Отворени галериите, музеите и библиотеките, Националната галерија ќе му мери температура на секој посетител

4NEWS.mk

Вонпарламентарните партии ги изнесоа своите ставови

Македонија

Нема лек за Ковид-19, пациентите оздравуваат – Стевановиќ: Барајте помош кај лекарот, не е срамота да бидеш болен

4NEWS.mk

Кампањата продолжува, СДСМ е во Штип, ВМРО-ДПМНЕ во Струмичко, ДУИ во Желино

4NEWS.mk

Докторката која криеше дека е заразена со коронавирус се врати на работа во Кожната клиника

Македонија

Заев: За време на коронавирус Мицкоски беше во теретана, Мицкоски: Додека јас вежбав, вие крадевте

4NEWS.mk

Двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип пуштени на слобода

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија