Во тетовското село Палчиште живеат Шаќире и Менаф. Шаќире има проблеми со шеќерот, но и болки во нозете. Вели дека и покрај лошата здравствена состојба, мора да се грижи и за нејзиниот сопруг, кој страда од шизофренија. Менаф треба да прима терапија, која честопати не успеваат да ја обезбедат. Секојдневието им го отежнува и влагата во дотраената куќа во која живеат. Импровизиран тоалет, а кујна немаат. Шаќире вели дека овој мебел го добиле од хуманите луѓе.
Сопругот на Шаќире, Менаф, поради здравствената состојба не може да работи. Вели дека од денот кога се разболел, во нивната куќа не влегуваат никакви приходи.
Менаф и Шаќире немаат деца, иако веруваат дека кога би имале макар едно дете, нивниот живот ги бил подобар и посреќен. Бараат хуманите луѓе да им помогнат, за да можат да ги надминат овие тешки денови.
БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО:
+389 71/501 537