Македонија

Сами платија по 60 евра за ПЦР тест, повратниците од странство ако имаат негативен тест, ќе одат во самоизолација

Македонските државјани кои вчера се вратија од Италија во татковината, а немаа направено ПЦР тест за коронавирус, денеска се тестираа во државниот карантин каде што се сместени.

-Има еден час откако дојдоа од Систина и направивме ПЦР тестирање од нос и грло, и ни ветија дека до утре наутро ќе излезат резултатите, и кој е негативен оди во домашна изолација, кој е позитивен ќе биде во државна изолација, државен карантин.Граѓаните во карантин ни кажаа дека денеска преку емаил ги добиле резултатите од ПЦР тестовите направени во Италија но не успеале да чекаат да ги земат. Од друга страна, имало и такви кои воопшто не биле тестирани-вели Џафер Алили.

-Ние кои не сме тестирани во Италија, ниту со ПЦР ниту анализа на крв што немаме направено, ќе се тестираме тука. Не тестираа, бевме 23 кои не бевме тестирани во Италија и тука дојдоа, не тестираа и плативме по 60 евра, и сега ги чекаме резултатите максимум до утре напладне-рече Шехадин Ајрули.

Овие информации за ТВ21 ги потврди и вицепремиерот Бујар Османи. Последната одлука на Владата вели дека секој кој сака да излезе од државен карантин и да оди во домашна изолација, треба со самофинансирање да го плати тестот ПЦР и ако е негативен ќе оди во домашна изолација.

-Одлуката е, хотелските трошоци ги плаќа државата. Ако не сакат да бидат во хотел, туку дома, тогаш тестирањето го прават граѓаните, бидејќи ИЈЗ нема капацитет да прави тестирање и за тие кои се во државен карантин-вели Османи.

Со 4 автобуси вчера од Италија во Македонија се вратија околу 160 граѓани. Околу 15 од нив имаа ПЦР тест што го бара нашата земја како доказ дека не се заразени со коронавирус. Еден дел имаа само анализа на крвта, затоа по дебатата на граничниот премин каде беа блокирани, патниците и властите се договорија патниците да одат во државен карантин, таму да се тестираат со ПЦР тест а потоа доколку се негативни, да одат во домашна изолација.

.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни