Климатски промени, енергија, СОВИД-19 – дел од темите на самитот на Г20, кој почнува за неколку часа во Рим.
На форумот присуствуваат претседателите и премиерите на 20-те најмоќни економии во светот, Шпанија, која има постојана покана, како и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет – Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе се приклучи преку видео конференција. Ова е прва средба на Г20 во живо по две години.
Едно од главните очекувања на форумот е консензус за годината во која треба да се постигнат нула емисии на стакленички гасови.