Мал број на Бугари во Северна Македонија вчера изглегоа на избирачките места за да го остварат своето право на глас. Според податоците на 4NEWS.mk само 461 гласач отишле до избирачките места и го дале својот глас.
Според нашите податоци, најголем број на гласачи имало во Скопје (172), па следува Кавадарци (68), Струмица (67), Охрид (56), Битола (53), Прилеп (33) и во ново-отвореното гласачко место во Велес најмалку односно само 12.
Според последните информации од страна на Бугарија, Македонци кои поседуваат бугарски пасош се над 100 илјади на број. Но, од нив гледаме дека многу малку го искористиле своето право на глас, па одтука заклучокот дека документите се добиваат само поради економски придобивки или работа во европски земји.