Засега се знае само дека околу 40 до 50.000 деца во основно и средно образование ќе бидат тестирани со брзи антигенски тестови за Ковид, но претходно треба родителите да дадат согласност.
Брзите тестови за учениците за да се избегне ширењето на вирусот Ковид 19 останаа само најава на властите. Скринингот во основните и средните училишта е под знак прашалник поради недостигот на кадар за да се спроведе акцијата.
Проф. Д-р Драган Даниловски смета дека скринингот на случајно избрани ученици нема да спречи ширење на инфекцијата дури и ако да е секоја недела ниту пак тоа е против епидемиска мерка.
-Со еднократен скрининг само на случаен примерок 40.000 ученици, значи секое 6-то дете од вкупно 240.000 ученици или 5 деца во клас од 30 ученици. Ќе се добие само груб увид во моментралната состојба зошто еднократен скрининг не е против епидемиска мерка уште помалку епидемиска мерка е скрининг само на мал дел од сите ученици, вели Даниловски за ТВ Сител.
Месец дена од почетокот на учебната година од здравство и образование тврдат дека мала е раширеноста на вирусот во училиштата, конкретни бројки нема туку само процент дека позитивни се 0,03 отсто од децата.