Mastercard и Visa објавија дека блокирале многу руски финансиски институции од платежната мрежа во согласност со санкциите наметнати на Русија од страна на САД.
Дополнително, двете компании најавија дека во овој процес ќе работат во соработка со регулаторните институции и ќе се приспособат на новите одлуки кои може да дојдат во иднина.
Покрај одлуката за санкција, двете компании одлучија да обезбедат 2 милиони долари хуманитарна помош за земјава за да покажат дека се со Украина во овој процес.
И руските граѓани почнаа да создаваат долги редици на банкоматите, тврдејќи дека повлекувањето пари ќе биде стопирано поради одлуките за санкции.
