Македонија

Сарај има 41 заразен со коронавирус, градоначалникот Беџети бара масовно тестирање и почитување на мерките

Општина Сарај има 41 заразен од коронавирус. Ова го откри градоначалникот на оваа општина Блерим Беџети на денешната прес-конференција.

„До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината“, рече Беџети.

Тој побара масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи. Исто така апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

На прашањето дали ќе прифати Сарај да оди во карантин, одговори дека ако централната власт одлучи такво нешто, тогаш тоа ќе мора да биде спроведено.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни