Сарај има проблем со диви депонии, казни за тие што ќе фрлаат отпад околу Вардар

На територијата на општина Сарај, околу раката Вардар, има многу шут и диви депонии. За лицата кои што го фрлаат отпадот, градоначалникот на Сарај, најави казни.

Реката Вардар која поминува низ неколку села на општина Сарај, и понатаму се „гуши“ од шут и диви депонии. Најлошо е во Кондово каде што од шутот не е можно да се дојде до реката.

Се вчитува...

Од општина Сарај велат дека неколку пати имале акции за чистење, но како што велат, несовесните граѓани повторно фрлаат отпад. Градоначалникот на Сарај, рече дека шутот го транспортираат и од другите градови, а тоа се случува по работното време, но според него се водат разговори и со МВР за да бидат фатени и казнети тие кои ја загадуваат околината.

„Во координација сме со полицијата за оваа проблематика да ја  намалиме. Едно нешто е вистина. Успеавме да ги намалиме количините на отпадот, по одлуката целиот отпад од територија на општина Сарај, да се собира на едно место. Се наоѓаме во последната фаза и четири други населени места ќе бидат дел од ова активност, за собирање на отпадот.“, изјави Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај.

Во текот на 2018 година, имало над 10 казни од општина Сарак за фрлање на отпад на несоодветно место.

Од општина Сарај велат дека секое физичко лице кое нема да го почитува законот и ќе ја загади животната средина, ќе добие казна  од 20 до 270 евра, додека  лицата кои ќе направат  поголемо прекршување на законот, казните се од 1000 до 5000 евра.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21