Екс шефот на тајните служби, Сашо Мијалков денеска во Кривичен суд дојде со лисици на рацете. Придружуван од припадници на специјалните сили беше спроведен од затворот Шутка. Маскирани полицајци и неговото приватно обезбедување го внесоа во зградата на судот, каде присуствуваше на рочиштесто за „Трезор“, случај на СЈО. Заменик директорот на затворот Шутка, Садуш Арифи, за ТВ21 рече дека обвинетиот немал посебни услови во ќелијата која ја дели со еден цимер. Ниту адвокатот на Сашо не вели дека се жалат во врска со ова.
По апсењето, минатиот вторник, Мијалков одлежува мерка притвор од 30 дена. Ова следеше по барањето на СЈО со цел да се избегне опасност од бегство од државата, како што тоа го направи Никола Груевски. Од одбраната велат дека веќе 8 дена Апелација нема закажано јавна седница за објаснување на нивните жалби. Адвокатот Петар Василев вели дека СЈО нема основа туку само претпоставки за исказите кои го одведоа зад решетки нивниот клиент.
Во случајот Трезор, освен Мијалков, обвинет е и екс шефот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски, екс шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и помошникот на претходниот министер на МВР како и член на Управниот одбор на Телеком, Небојша Стојковиќ. Тие се товарат за злоупотреба на државни пари при набавката на софтверот за прислушување на комуникациите, за потребите на Петтата управа на МВР. Обвинетите во 2010 година се договориле набавката на оваа опрема да не се прави директно од МВР, туку била вклучена компанијата Финзи, основана во 2009 како претставник на Министерството. На денешното рочиште, специјалните обвинители ги презентираа материјалните докази кои се однесуваат на основањето на компанијата Финзи и нејзините банкарски сметки, која по набавката на опремата, фактурирала увоз на опрема со двојно повисока цена.
РЕПОРТЕР: АДНАН ЌАИЛИ
