„Сармат“ или „Сатана II“ – Русија со ракети се закани кон Македонија!

Непостоечката ракета „Сармат“ повторно се појави како закана од Русија, овојпат за Македонија. Шефот на Роскосмос Дмитриј Рогозин и се закани на нашата земја со нуклеарна ракета откако Македонија одби да дозволи авионот на Сергеј Лавров да помине низ нашиот воздушен простор.

Сармат е прототип на најновата и најмоќната интерконтинентална балистичка ракета на Русија. Првиот успешен тест се случи среде војната во Украина – на 20 април.

Висока е 35 и пол метри или колку една зграда од 14 ката.

„Сармат“ може да носи 10 тони боеви глави, вклучително и нуклеарни боеви глави, како и хиперсонични ракети со променливи патеки на летот.

Пред извесно време во една руска ТВ емисија ракетата Сармат повторно беше употребена за заплашување, овој пат кон Западна Европа. Тогаш стана јасно дека може да стигне до Берлин за 106 секунди, до Париз за 200 секунди и до Лондон за 202 секунди доколку биде лансиран од Калининград во Балтичкото Море.

Ракетата беше дизајнирана да го замени постариот Р-36М од советско производство или Сатана во рускиот арсенал. Новиот „Сармат“ НАТО го нарекува „Сатана II“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното