Свет

Сателитска снимка покажува масовна гробница во Буча, не е јасно колку се закопани таму

Сателитска снимка покажува масовна гробница во Буча, не е јасно колку се закопани таму

Сателитските снимки покажуваат масовна гробница во предградието на Киев – Буча. Оттаму дојдоа снимките со цивилни жртви од рускиот напад на Украина.

Екипа на Си-Ен-Ен е на гробот кога се приближува видно вознемирен маж. „Брате, мислевме дека си жив и ќе те најдеме. Те баравме толку долго“, рече човекот и почна да плаче.

Владимир за новинарите на Си-Ен-Ен изјави дека неговиот брат исчезнал пред неколку недели и дека оттогаш не бил во контакт со него. Нивниот сосед ги упатил до масовната гробница, надевајќи се дека таму ќе го најде.

Телата во масовната гробница се натрупани едно врз друго и тешко се препознаваат. Повеќето се спакувани во црни кеси. Тимот на Си-Ен-Ен успеа да изброи околу 12 тела, но новинарите посочуваат дека има траги од неодамнешното ископување и дека телата можеби се многу повеќе.

Според регионалната полиција на Киев и локалното население, најмалку 150 луѓе се закопани во масовната гробница, а градоначалникот на Буча тврди дека најмалку 300 жртви.

Локалните жители велат дека масовната гробница била ископана на почетокот на руската инвазија. Според сателитски снимки, гробницата е веќе таму на 10 март.

Русија негира дека убила цивили во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни