СДСМ: Го опоравуваме здравството урнисано од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО ДПМНЕ 11 години го урнисуваше на целокупниот здравствен систем, го потценуваше трудот на лекарите и ги погазуваше правата на пациентите само за да се остварат нечии криминални интереси“, се вели во најновото соопштение на СДСМ, и притоа се додава:

„Како резултат на таквите криминални и расипнички политики, медицинскиот персонал масовно си заминуваше, граѓаните не добиваа квалитетни здравствени услуги, а здравството беше пред колапс.

Се вчитува...

Владата предводена од СДСМ со огромна сериозност и одговорност го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба поради погубните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ.

Со ова се потврдуваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за поквалитетни здравствени услуги за пациентите,  реално вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21