Македонија

СДСМ го снимале протестот на опозицијата? – „Очајно се обидува да го сокрие дебаклот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ“

СДСМ го снимале протестот на опозицијата? – „Очајно се обидува да го сокрие дебаклот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ“

Партиската преписка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ се зголеми.

Додека ВМРО-ДПМНЕ велат дека на антивладиниот протест присуствувале околу 70 илјади граѓани, од СДСМ пак велат дека истиот доживеал дебакл.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, утрово објави видео снимка направена од дрон, а попладнево тоа го направија и од СДСМ од каде велат дека токму тоа е причината зошто видеото на Мицкоски нема подолг кадар од 3 секунди.

„Очајно се обидува да го сокрие дебаклот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ што му се случи синоќа. Наместо да ја прифати реалноста и да ја прими порака од граѓаните Мицкоски глуми невешт режисер, крати секвенци, од петни жили се мачи да сокрие нешто што не може да се сокрие. Еве целосно видео од дрон, без монтажи, без интервенции, дебаклот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ е евиденитен“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни