СДСМ: Криминалните проекти на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ оставија сериозни последици врз животната средина

На обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, веднаш врати и СДСМ повторно објаснувајќи дека за загадувањето на воздухот вината е кај претходната власт, и дека сегашната Влада го решава проблемот околу загадувањето.

„Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ продолжува со лицемерното однесување кон граѓаните, продолжува да глуми загриженост, а  токму таа партија 11 години не само што го игнорираше загадувањето на воздухот, туку и го поттикнуваше преку криминални проекти со кои системски се уништуваше зеленилото и животната средина.

Последиците од загадувањето се сериозни  за животната средина и за животот и здравјето на граѓаните. Затоа, владата предводена од СДСМ решавањето на проблемот со загадувањето го постави како приоритетна задача со акцент на итност.

Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.