СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено!

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што со месеци зборува СДСМ.

Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста.

Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот.

Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор.

Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?

Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му де одредува куќен притвор.

На кого уште не му е јасно ова сценарио?

Ништо не е случајно.  Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, се вели во соопштението на СДСМ.