СДСМ: Македонија е надвор од ЕУ само поради ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ врати на нападите од опозицијата за новите мерки од ЕУ кои и се закануваат на македонската економија. Од владеачката партија истакнаа дека Македонија не е членка на ЕУ само поради ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е надвор од ЕУ само заради ВМРО ДПМНЕ. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски со своите погубни криминални политики ја оддалечува државата од евроинтеграциите од Македонија направија заробена држава.

Се вчитува...

Денес ВМРО-ДПМНЕ предводено од неспособниот Христијан Мицкоски работи спротивно на интересите на граѓаните и го кочи процесот за полноправно членство во ЕУ. Антизападото ВМРО-ДПМНЕ од ракав вади бројки и крајно неодговорно шпекулира за воведените заштитни мерки за ограничен пристап на европскиот пазар за производите од челик и железо во ЕУ.

Заштитните мерки за ограничен пристап на европскиот пазар за производите од челик и железо, кои ги воведува Европската унија се однесуваат за таканаречените трети  земји. Владата предводена од СДСМ е во постојана мисија да обезбеди изземање на Република Македонија од статусот „трета земја“, со што ќе се овозможи слободен и неограничен пристап на европскиот пазар на производители на челик и железо.

Ресорните министри исто така се во постојан контакт со домашните производители за да се обезбеди непречена комуникација која ќе ги заштити производителите и нивните вработени. Владата ќе се бори за целосно изземање на Македонија од овие мерки, а ќе очекува доколку бидат воведени, националните квоти за Македонија да бидат значително повисоки од привремените кои во моментов се во примена“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21