СДСМ обвинува дека возачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.
Како што велат, „сите земаат мито, дури и возачите на владата“.
„Ова е ОКГ – Организирана криминална група. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена. Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон. Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?“, велат од СДСМ.