СДСМ не остана должен и врати со соопштение по повод обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека судството било контролирано од Зоран Заев.
„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се остаток на темното минато на режимот и затоа се посветени на одбрана на криминалот на Груевски.
Колку и да не му се допаѓа тоа на антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Мицкоски, во Македонија конечно функционира правото и правната држава, судството е ослободено од политички притисоци и законите важат за сите подеднакво.
Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка се докажало дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда, мора да понесе одговорност.
Правда мора да има!“, се вели во соопштението на СДСМ.
