СДСМ: Мицкоски нема капацитет, нема понуда, со неговите неосновани барања нема да ги закочи реформите

СДСМ со реакција околу соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во кои се бараат оставки од Министрите Спасовски и Димитров, како и неколку барања меѓу кои за гасификација и за почитување на одлуките за референдумот.

„Христијан Мицкоски нема капацитет, нема понуда, нема идеја.

Се вчитува...

Единствена агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е блокада на реформите и обид за закочување на иднината во ЕУ и НАТО.

Со неосновани барања и измислени причини за интерпелации  нема да може да го одбрани криминалот на Груевски, нема да ги закочи реформите.

Македонија тргна напред и враќање во темното минато на криминал, корупција и изолација нема.  Граѓаните ја поразија криминалната и антинародна матрица на ВМРО-ДПМНЕ и тргнаа кон иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот“, пишува во соопштението на СДСМ.

Извор: ТВ21