СДСМ: Мицкоски, Села и Гаши се дават во “Од немај каде” коалиција осудена на пораз и пропаст

СДСМ ја има коалицијата која убедливо ќе победи на на локалните избори по сите критериуми и параметри бидејќи СДСМ гради коалиции врз основа на јасна, конкретна и остварлива понуда.

Новата коалиција на Мицкоски, Села и Гаши е “Од немај каде” коалиција која е од напред осудена на пропаст и пораз.

Соочен со седмиот по ред пораз од народот, Мицкоски е до толку уплашен што промовира коалиција со истите оние кои ги нарекуваше предавници, оние кои според ВМРО-ДПМНЕ „не го признаваат македонскиот идентитет“ и со истиот Села на кој неговите од ВМРО-ДПМНЕ насилно го влечеа во Собранието и му нанесоа крвави животозагрозувачки повреди на 27 април.

Им кажа ли Мицкоски на Села и Гаши дека сака поништување на Договорот од Преспа?

Им соошти ли дека е против Законот за јазици?

Им раскажа ли што бараше во Собранието на 27-ми април?

Мицкоски е политичар без став, принуден да прави коалиции со оние кои најмногу ги мрази и тој, а и неговото тврдо партиско членство.

Од напред се поразени и осудени на пропаст тие што од немај каде наутро скандираат “Чиста Македонија”, а попладне лажно се оградуваат за 27 април.

Политичари без став се поразени политичари, а Мицкоски е репрезент на оваа карактеристична група.

СДСМ – интегрален текст