СДСМ му врати на Мицкоски: Црните времиња за Македонија завршија со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

СДСМ му врати на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој што на својот профил на „Фејсбук“ го нападна премиерот Зоран Заев за уште едно неисполнето ветување кое го дал во септември 2017 година за влегување на гигантите “Facebook” i “Google” во Македонија.

„Пионот Христијан Мицкоски очигледно продолжува да ги следи праксите на неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски па затоа се обраќа исклучиво преку социјалните мрежи.

Се вчитува...

Црното време заврши со заминувањето во опозиција на ВМРО-ДПМНЕ предводено од криминалецот Груевски и неговите соработници, време кога цветаа криминалот, корупцијата, кога во Македонија светски криминалци како Субрата Рој лажно беа претставувани како инвеститори.

Денес, Македонија и нејзините граѓани живеат ново време на напредок, развој и интеграција. Само во првото полугодие од 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра.

Наместо да го брани криминалот на неговиот ментор Груевски, Мицкоски може да учи како се води економија и како се привлекуваат директни странски инвестиции.

Пионот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо, немаат решенија за граѓаните, нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Но, врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да го одбранат криминалот на Груевски, нема да ги вратат државата и граѓаните во црните времиња.

Македонија чекори напред кон ЕУ и НАТО како демократска, слободна и економски просперитетна држава“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21