СДСМ порача: Се вративме на победничките патеки!

Попладнево во партиското седиште на СДСМ генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, потпретседателот Стефан Богоев и организацискиот секретар Вангел Андрески со претседателите на Општинските организации и кооринаторите на планските региони одржаа работен состанок.

„Последните резултати од вонредните локални избори покажуваат дека кога активно делуваме, работиме и сме меѓу граѓаните, ги слушаме нивните потреби – победуваме. Партијата е консолидирана. Сега целосно се мобилизира за сите следни предизвици исправени пред партијата и државата“, велат од СДСМ.