Македонија

СДСМ: Претседателката на ЕК ги разби сите лаги на антиевропската коалиција, Мицкоски и Апасиев

СДСМ: Претседателката на ЕК ги разби сите лаги на антиевропската коалиција, Мицкоски и Апасиев

Од СДСМ денеска преку соопштение велат дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание ги потврдила фактите за кои СДСМ, демократската и целата проевропска јавност ги говорат.

„Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации и без квалификација од ЕУ.

Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, историските прашања не се услов ниту дел од преговорите.

Со овие јасни и недвосмислени изјави претседатлката на ЕК ги потврди фактите а од друга страна ги разби сите лаги на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев.

Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.

Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието треба да го продолжи европскиот пат!“, се вели во соопштениетоо на партијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни