СДСМ: Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови

Времето на масовна партизацијата на институциите и злоупотреба на државната администрација заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Времето на списоци за вработување и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, исто така заврши.

По започнатиот процес на реформа и професионализација на администрацијата, институциите денес работат професионално, независно и во интерес на граѓаните.

Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионални институции и еднакви услови за вработување и затоа постојано шири лажни вести и конструира непостоечки случаи, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Извор: ТВ21