СДСМ вечерва ќе одржи седница на извршниот одбор

Вечерва во 19.30 СДСМ ќе одржи седница на извршниот одбор, свикан по иницијатива на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски.

Две недели по парламентарните и вториот круг од претседателските избори, СДСМ вечерва ќе одлучува која ќе ја плати сметката за изборниот резултат. Денес е првиот состанок на раководството пред одржувањето на конгресот, на кој треба да се даде отчет и понесе одговорност за изборниот резултат.

Меѓу темите на разговор вечерва на маса ќе биде и изборот на нов претседател на партијата. Позиција за која има многу кандидати.

Претходно заинтересираност најави и сегашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски кој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека има амбиции за местото прв човек.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното