Вечрва во 18 часот, СДСМ ќе одржи средба со коалиционите партнери од коалицијата „За живот“.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе се сретне со лидерите на другите политички партии за поддршка на претстојните претседателски избори. Утре ќе се сретне и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. На двете средби ќе биде разговарано за можноста за заеднички кандидат во трката за претседател на земјата.
СДСМ објави конкурст за избирање на претседателски кандидат на престојните избори. ВМРО-ДПМНЕ вчера ја одбра Гордана Силјановска, која триумфираше на Конгресот одржан во Струга.