СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ оставка треба да бараат од нивниот лидер зашто поттикнува ширење на Ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ до толку се загубени во своите деструкции што ги имаат помешно работите. Оставка треба да бараат од нивниот шеф Христијан Мицкоски кој поттикнува ширење на заразата со Ковид-19 и непочитување на мерките за заштита, велат од СДСМ.

„Токму Мицкоски во време на најголемата криза прв ги кршеше мерките и забраните, одеше во фитнес центри и седеше во затворени делови на ресторани кои во тој период им беше забрането да работат и при тоа агнажираше структури на Наќе Чулев да го скријат неговото неодговорно и незрело однесување“, велат во испратеното соопштение од СДСМ.

Тие додаваат дека оОд почетокот на пандемијата па се до денеска, Венко Филипче се борел со вирусот, а од ВМРО-ДПМНЕ ја поткопувале работата на здравствените институции, ширеле лажни вести и поттикнуваат ширење на заразата и непочитување на мерките.

„ВМРО-ДПМНЕ организираат собири каде масовно се кршат мерките за носење заштитна опрема и држење дистанца. Таквите таканаречени протести кои служат само за спас на фотелјата на Мицкоски се директна закана кон јавното здравје“, велат од СДСМ.

Заради таквото незрело и опасно однесување на Мицкоски тој губи три пати по ред на избори и уште долго останува во опозиција. Оставката на Мицкоски е таа за која треба да зборува ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од СДСМ.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното