СДСМ: Започнавме нова епата, преговори со ЕУ за македонски јазик и заштитен идентитет

Република Северна Македонија започна нова етапа, реализација на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.

По 17 години конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во Унијата.

Се вчитува...

Процесот на преговори ќе се води на македонски јазик, со чиста формулација, без фусноти и додавки.

Историските прашања остануваат надвор од преговарачкиот процес, македонскиот идентитет, македонската посебност и историја се трајно заштитени.

Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводна асимилација и бугаризација на државата, во ЕУ влегуваме како Македонци а македонскиот јазик ќе биде рамноправен со останатите службени јазици во ЕУ.

Македонската иднина е загарантирана и таа е европска со полноправно членство во големото европско семејство.

Центар за комуникации со јавноста