Се бара укинување на пратеничкиот имунитет на Илхан Ќучук!

Бугарија бара од Европскиот парламент одземање на пратеничкиот имунитет на европратеникот Илхан Ќучук.

Барањето е врз основа на тужба што против него ја покренал еден од неговите локални асистенти.

Се очекува ваквото барање да биде разгледано за време на сесијата на Европарламентот, што почнува доцна попладнево во Стразбур. Барањето пак треба да биде прво разгледано од Комитетот за правни прашања на Европарламентот (ЈУРИ), чиј претседател е токму Ќучук.

Според информациите, Ќучук најавил дека ќе се изземе од целата процедурална постапка за неговиот случај и привремено претседавањето со Комитетот ќе му го препушти на еден од четворицата потпретседатели со цел да избегне било каков судир на интереси.